Ахмети: Мицкоски нека го заборави Кичево, Кичево е наше
Лидерот ма ДУИ Али Ахмети вчеравечер во дебатна емисија на ТВ21 кажа дека Христијан Мицкоски треба да заборави на Кичево, затоа што, како што вели, тој град е нивен.
- Добро е Мицкоски кога повикува на гласање во Кичево. Да беше сега тука друг политичар на мое место, ќе употребеше националистичка реторика, но јас нема да се занимавам со тоа. Ќе му пратам само една порака на Мицкоски – Нека го заборави Кичево, Кичево е наше. Фатмир Дехари ќе биде нов градоначалник, наведе Ахмети.
Коментирајќи ја коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива, оцени дека таа е само за една употреба.
-Тоа е брак без никаква основа. Немаат концепт. Таа соработка нема иднина. Тоа е брак само за една употреба. Оваа коалиција ваква каква што е, каде Албанците гласаат против Албанци во Кичево, и на крај мислам дека ова ќе го пишува и во учебниците по историја, вели Ахмети.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени