-->
-->
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со соседите
-->
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во писмо до досегашниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, вели дека е разочаран од веста за неговата оставка, и изразува благодарност за неговата посветеност за затворање на прашањата со соседите.
– Со разочарување ја примив веста за твојата оставка од Министерството за надворешни работи на Република Грција бидејќи веќе четири години работиме заедно за европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност. Нашата соработка беше природна бидејќи не соединуваат нашите геостратешки и геополитички убедувања не само за нашите земји туку и за регионот и пошироко, волјата за решавање на прашањата помеѓу Скопје и Атина, но и согледувањата за односите со Албанија и Косово, вели Ахмети во писмото до Коѕијас.
Лидерот на ДУИ натаму му се заблагодарува и за посветеноста и неговиот придонес за мир, за затворање прашањата со соседите и, како што наведува, „за една Југоисточна Европа потполно интегрирана во НАТО и ЕУ“.
Ахмети му посакува среќа на Коѕијас со порака дека во него секогаш ќе „најде отворена врата за да се остварат нашите убедувања за еден развоен и интегриран регион“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат