Ахмети: 2020 успешна за ДУИ, го презедовме „забранетото јаболко“ МНР
Во синоќешното гостување во емисијата на ТВ Клан лидерот на ДУИ Али Ахмети ја оцени 2020 како успешна година за неговата партија.
- 2020 година на политичкиот план можам да ја прогласам за успешна година. Постигнавме големи цели што ги имавме во последната деценија, како во однос на правичната застапеност во повисоките државни институции, така и во правилното организирање на државните институции, така што слободно можам да кажам дека остваривме значителни успеси, т.е. за Албанците. Министерството за надворешни работи беше забрането јаболко, го презедовме Министерството за финансии, го имаме првиот вицепремиер, ја реализиравме и обезбедивме позицијата премиер како главни стратешки и политички цели на Албанците во Република Македонија,кажа Ахмети.
Ново на Сител
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски
-
Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија
-
Приведени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР - Штип
-
Kривична пријава за три лица од Кочани, при претрес кај нив пронајден хероин
-
Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување на пациенти во надворешни центри во втора фаза