Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување на пациенти во надворешни центри во втора фаза

Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска за МИА, доктор Игор Николов, контакт - лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти.
- Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов, појасни Николов во изјава за МИА.
Шеесет и девет пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
-

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“
-

Кумановец, психички го малтретирал малолетниот син и го избркал од дома
-

Нова серија од светот на „Куќа од хартија“ пристигнува на Нетфликс
-

Безбедна за пиење водата во Скопје
-

Арагчи: Прекумерните барања на САД доведоа до неуспех на преговорите
