Ахмед Шафик нема да се кандидира за претседател на Египет
Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори оваа година.
Тој беше сметан за најсериозен евентуален противкандидат на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ас Сиси, кој се уште не ја објавил својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Шафик е поранешен командант на военовоздухопловните сили и беше премиер за време на управувањето на Хосни Мубарак. Тој побегна во Обединетите Арапски Емирати, откако во 2012 година загуби на претседателските избори од кандидатот на организацијата „Муслиманско братство“, Мохамед Морси, а кон крајот на минатата година се врати во Египет откако ја најави својата кандидатура за претседател.
Шафик додаде дека по враќањето во Египет ја сменил одлуката, оценувајќи дека не е „идеален човек“ кој во овој момент треба да раководи со државата.
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување