Ахмед Шафик нема да се кандидира за претседател на Египет
Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик изјави дека нема да се кандидира на претседателските избори оваа година.
Тој беше сметан за најсериозен евентуален противкандидат на актуелниот шеф на државата Абдел Фатах ас Сиси, кој се уште не ја објавил својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Шафик е поранешен командант на военовоздухопловните сили и беше премиер за време на управувањето на Хосни Мубарак. Тој побегна во Обединетите Арапски Емирати, откако во 2012 година загуби на претседателските избори од кандидатот на организацијата „Муслиманско братство“, Мохамед Морси, а кон крајот на минатата година се врати во Египет откако ја најави својата кандидатура за претседател.
Шафик додаде дека по враќањето во Египет ја сменил одлуката, оценувајќи дека не е „идеален човек“ кој во овој момент треба да раководи со државата.
Ново на Сител
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора