Агенцијата за туризам во Грузија ги презентира убавините на Македонија
Делегација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) од денеска до 5 јули ќе присуствува на 25-тата годишна сесија на Парламентарното Собрание (ПС) на ОБСЕ која се оддржува во Тбилиси, Грузија, информираат од Агенцијата.
Целта на посетата, како што велат, е подобра промоција на земјава пред претстојната есенска сесија на ПС на ОБСЕ, која ќе се одржи во Македонија од 29-ти септември до 2-ри октомври 2016 година
Овогодинешната сесија се оддржува под мото „25 години од парламентарната соработка: градење на доверба преку дијалог“ на која учествуваат повеќе од 300 членови на парламенти од над 50 земји низ светот.
- Пред есенската сесија на која домаќин ќе биде Собранието на Република Македонија, АППТ со своја делегација во Тбилиси прави
промоција на туристичкиот потенцијал на Македонија преку презентација на македонската култура, традиција и историја, се наведува во соопштението на АППТ.
Македонската делегација во Тбилиси ќе ја промовира земјава преку запознавње на гостите со нашето вино, промотивни материјали и традиционални сувенири кои ја претставуваат нашата култура и традиција.
Ново на Сител
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана