Бизнис
13. January 2022 - 16:31

Африканската чума со милионски штети врз бизнисот со свинско месо

Африканската чума во делчевско до сега уништи 195 домашни свињи  

Во втората фаза, пак, се заканува да бидат укинати над 740. Според првиот човек на АХВ, се прави вонреден попис на сите одгледувалишта, но  смирува одгледувачите да не стравуваат, сите ќе бидат обештетени по пазарната вредност на грлата.

Средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата, изјави Николче Бабовски, директор на АХВ.

Од групацијата на прозиводители на свинско месо уште пред 2 години алармирале за проблемот, кога вирусот се појавил во Бугарија - но, како што велат, до сега Владата не презела ништо за да ги заштити. Сега штетите ќе ги бројат во милиони.

-Очекуваме од 50 до 60 милиони штета во свињарството.  Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет, додава Атанасов.

Првиот случај на африканска чума беше потврден на 6 јануари годинава во делчевското село Драмче. Инаку станува збор за вирусно заболување, кое брзо се шири меѓу животните и најчесто завршува со смртен исход. Оние ќе оздрават, остануваат трајни носители на вирусот. Африканската чума не се пренесува кај луѓето.