Аеродромот во Кабул ќе се затвори на 48 часа за да се постигне ред во евакуацијата
Аеродромот во Кабул ќе биде затворен 48 часа поради евакуација на сите оние кои веќе се наоѓаат на негова територија, пренесе агенцијата „Хама прес“, повикувајќи се на Стејт департментот.
Пред аеродромот во исто време се собрани неколку илјади лица, кои сакаат да ја напуштат земјата.
Талибанците соопштија дека во следните неколку часа имаат намера да ја подобрат ситуацијата и да ја олеснат постапката за напуштање на воздушното пристаниште што е под контрола на американската армија.
-Отворањето на патот за излез од аеродромот во Кабул е неопходно за да се почитува законот и редот, изјави портпаролот на талибанците.
Талибанските милитанти на 15 август влегоа во Кабул без борба и за неколку часа воспоставија целосна контрола врз главниот град на Авганистан. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани објави дека ја напушта земјата за да спречи крвопролевање. Потпретседателот на земјата, Амрула Салех, изјави дека во отсуство на шефот на државата, според уставот, тој станува вршител на должноста шеф на земјата, и повика на вооружен отпор кон талибанците. Западните земји ги евакуираат своите граѓани и вработените во амбасадите.
Ново на Сител
-
Владата за одлуката на ДКСК за патувањето на синот на премиерот во САД: Очекувана и разумна одлука
-
Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“
-
ДКСК: Не утврдивме користење на буџетски средства за приватни цели за патувањето на синот на премиерот во НАТО Самитот во САД
-
Пронајдени мигранти во Гевгелија, приведен криумчар
-
Ристовски за првите 100 дена: Почнавме санација на спортската инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за спортистите
-
Амбасадор на САД: Проектот Јадар за литиум е добар проект за Србија
-
Тројцата обвинети за минатогодишниот напад во Бањска во северно Косово се изјаснија за невини
-
Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените