-->
-->
Аеродром со најмногу активни случаи меѓу скопските општини
-->
Со 112 заразени, Аеродром има најголем број активни случаи на КОВИД-19 меѓу десетте скопски општини и општините во поширокиот регион на главниот град.
Според денешните податоци на Министерството за здравство за поминати 24 часа, 85 активни има во Чаир, по 82 се во Гази Баба и Карпош, 80 во Кисела Вода, 76 во Центар, 52 во Бутел, 43 во Ѓорче Петров, 31 во Шуто Оризари, 24 во Студеничани, 20 во Сарај, 14 во Арачиново и 12 во Илинден.
Под десет активни случаи имаат Сопиште и Петровец (7), во Чучер Сандево се тројца и двајца во Зелениково.
Вкупниот број активни на болеста во Скопје се 754, а од почетокот на епидемијата со вирусот во главниот град се заразиле 6114 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец