Македонија
25. January 2023 - 16:32

Адвокатите бараат амнестија за осудените во случајот „27 април“

Целосно ослободување од казна или нејзино намалување за половина.. Ова го предвидува предлог-законот на тројца адвокати кои бараат амнестија за осудените од „27 април“.

Пешевски, Митровски и Тимовски, сметаат дека случајот бил политички креиран, ама имал и правни пропусти.

„Уште на почетокот се направија пет различни квалификации, од лесни, па на крај во големото финале, за терористичко загрозување на уставниот поредок. Потоа се случи уште поголемата неправда, со донесувањето на законот за аменстија се нанесе уште поголема неправда према оние кои беа обвинети во предметот“, изјави Драган Пешевски, Адвокат.

Законот, утре ќе го испратат до пратеничките групи во Собранието.. Се надеваат на поддршка и очекуваат Амнестијата да се најде на собранискиот дневен ред.

„Предлогот е да бидат ослободени сите, а на оние на кои им се изречени над 10 годишни казни затвор, да им биде намалена казната за половина, што значи повеќето ќе бидат ослободени. Ова е само предлог закон, тоа може да се доработи, да се дадат и други предлози, да бидат и целосно ослободени“, вели адвокатот Пешевски.

За упадот во Собранието беа осудени 16мина на затвор од седум до 18 години. Подоцна, со одлука на Апелациониот суд, сите добија намалување на казните од една до две години.