Македонија
4. February 2021 - 16:42

Администрацијата од ГОБ ,,8-ми септември‘‘ бара награда за работата со ковид пациенти

„И ние сме здравство и работиме во ковид болница“ ова е пораката која ја упатија административците вработени во ГОБ „8-ми септември“ на протест пред болницата. Бараат да им се исплати паричната награда од 30.000 денари, бидејќи и тие работеле со ковид пациенти. Станува збор за 195 лица. За проблемот велат разговарале со директорот на болницата, но резултати засега нема.

Директорот на болницата Христијан Костов вели дека се  прават напори и администрацијата да биде парично наградена.

Тие не беа на списоците зошто неспоредлив е нивниот ангажман со оној на медицинскиот кадар кој буквално е во трка со времето за да спаси човечки живот. Но, како директор на оваа здравствена установа сметам дека барем половина од тоа што добија медицинските сестри, болничарите, лекарите и останатите, треба да добијат и вработените во администрацијата. Најголемиот дел од парите ги обезбедив преку донации, а за еден помал дел чекам одобрување од ФЗОМ и од Министерството за здравство, вели директорот на болницата. 

Дека не добиле парична награда од 30.000 денари претходно реагираа административците вработени на скопските клиники.