Македонија
19. April 2022 - 12:05

Адеми: Со отстранување од употреба на албанскиот јазик во КИЦ се прекршува Законот за употреба на јазици

Албанскиот јазик во Република Северна Македонија е официјален јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата. За тоа како би изгледало едно владеење на коалицијата составена од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица и БЕСА најдобро се демонстрира со незаконското отстранување на употребата на албанскиот јазик во Културно информативниот центар (КИЦ), институција во рамки на Град Скопје, изјави пратеникот на ДУИ Арбер Адеми на прес-конференција во Собранието.

– Овој чин на директорот на КИЦ предизвика многу реакциии бидејќи со овој потег партнерите на Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и БЕСА докажуваат политичка незрелост од една страна, а од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој веќе е на сила, со цел да поттикнуваат меѓуетнички тензии, нагласи Адеми.

Ова, според него, може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија.

– Скопје е двојазичен и мултиечники град, но Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и БЕСА, намерно поттикнува беззаконие, тензии и омраза. Тие ја суспендираа двојазичноста. Коалицијата се враќа на изградбата на крстови и на Скопје 2014 наместо да гради училишта, болници, патишта. Поттикнува штрајкови и ги остава на цедило децата и родителите за време на најтешката економска криза на континентот и двегодишна пандемична изолација. Вчера видовме колку се уморни и немоќни, рече Адеми.

Тој нагласи дека оваа Коалиција избрка десетици Албанци од претпријатијата на Град Скопје и ги замени Сермине Пурини со Ангел Димитров, а Ардијан Муча со Ангел Сотировски.

– Зијадин Села вчера зборуваше за законот за игрите на среќа кој неговата Коалиција ВМРО, Левица, Алијанса и БЕСА го блокираат во Собрание веќе десет месеци, каква хипокризија, какво лицемерие. Усвојте го законот, бидете храбри, вратете им го зборот на ВМРО и Левица или пак, опшаката ви е фатена со изборната врата во Тетово и Гостивар. Вие сте уморни, неспособни, безидејни и штетни за Албанците и државата. Албанците и сите други не треба да се чвуствуваат загрижени, бидејќи ние сме тука и нема да дозволиме такви неспособни авантуристи да им наштетат на достигнувањата на Албанците, рече Адеми.

Прашан дали ДУИ ќе побара оставка од министерот за надворешни работи Бујар Османи, Адеми нагласи дека во партијата не се дискутирало, ниту се размислува за нечија евентуална оставка.

– Во ДУИ ниту се дискутирало, ниту се размислува за некоја евентуална оставка, не за Османи, туку и за било кој минситер. Мислам време е да се однесуваме државнички, да се водиме од инстересите на државата, да размислиме на иднината на државата за отворање на нови перспективи. Ниту се дискутирало, ниту се размислува за оставката на некој од министрите, потенцира Адеми.