Адеми и Шилегов за бојкотот во Хемиско: Без поделби и триумфализам во образованието
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов изјави дека не е нарушен образовниот процес со тоа што вчера за нов в.д. директор на средното хемиско-технолошко училиште „Марија Склодовска-Кири“ назначил Албанец, што денеска предизвика бојкот на наставата од професори и ученици од македонските паралелки. Тие претпладнето дојдоа на училиште, но не одржуваат часови, најавувајќи дека бојкотот ќе го продолжат и во наредните денови.
Незадоволни се од тоа што одлуката била донеена без нивно занење и консултација, а револтирани се од тоа што по именувањето на в.д. директорот на социјалните мрежи, наводно, се појавиле коментари: „победивме, го зедовме Хемиско“.
-Вчера именував в.д. директор кој ги исполнува сите законски услови, без разлика на етничката припадност. Мислам дека нема простор за револт, ниту за каков било триумфализам. Политиката не смее да влезе во училиштата и јас како градоначалник тоа нема да го дозволам, изјави градоначалникот на Град Скопје под чија надлежност се средните училишта.
Шилегов во одговор на новинарско прашање појасни дека според законот, кога треба да се донесе решение за именување директор се консултира училишниот одбор, а за в.д. директор, како што рече, Град Скопје нема обврска да го консултира одборот.
-Тоа не дава право никому, особено не на наставниот кадар, да изразува револт на таков начин. Повикувам да ги нормализираат односите и процесот на образование, бидејќи не ни е потребно преземање и правење ситуација онаму каде што навистина нема простор, рече Шилегов.
Прашан за коментар во врска со бојкотот на македонските паралелки во ова средно училиште, министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска на средбата со новинарите рече дека не е информиран детаљно, но нагласи дека во образованието не треба да се креираат тензии и поделби.
-Треба да сме заинтересирани за квалитетот на образовниот процес. Не ни треба ниту триумфализам, освен посветеност за реализација на квалитетен образовен процес. Ако има протсор за каква била одговорност, ќе ја побарам. Но бидејќи не сум во детали информиран, можеби е потребна средба со наставниците и со сите засегнати страни во овој случај, рече Адеми, додавајќи дека не добил барање од училишниот одбор од каде што барање за средба пратиле и во Владата и во Град Скопје.
Назначениот в.д. директор е од професорскиот кадар од наставата на албански јазик во училиштето, во кое од прва до четврта година има вкупно 28 паралелки на македонски наставен јазик.
Ново на Сител
-
Меџити: Уставен суд се претвори во змеј, сите фрлаат со стрели и оган кон оваа институција
-
Борба против корупција
-
Левица поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути
-
Зајкова поднесе закон за укинување и намалување на дел од банкарските провизии
-
Да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција
-
Со 2 милиони евра од унгарскиот кредит, Штип ќе гради обиколница
-
Криумчарењето во благ пораст, илегалните мигранти намалени за 50% во однос на лани
-
Преглед на вестите од светот