Македонија
7. October 2024 - 12:48

Ачковска/Улчар – Преспанскиот договор го одзеде правото на македонците за самоопределување

Договорот од Преспа е штетен за македонската самобитност, идентитет, јазик и култура, а ги предизвика и зголеми апетитите на бугарската држава, смета унивезитетската професорка Елка Јачева – Улчар. Одлуката според неа, за потпишување на договорот е избрзана и не дипломатска, зашто во тој момент Македонија под уставното име је признаа 130 држави, а времето работеше во наша корист.

- Ова го потврдува еден неодамнешен исказ на Ципрас, кој вели дека, треба да бидеме задоволни што сепак дозволил да постои во нашето име терминот Македонија, правдајќи се пред својата, грчката јавност, вели дека тоа било и најмногу што можеле да добијат тие, затоа што како што биле позициите во тоа време, многу лесно можело да се случи да пропадне целата работа во врска со промената на нашето име, изјави Елка Јачева-Улчар, унивезитетски професор.

На иста линија со Улчар е и професорката Виолета Ачковска, според која со преспанскиот договор, тогашните политичари  ни го одзедоа правото на самоопределување.

- Договорот во Преспа 2018, е еден од најголемите пораз и капитулација која сопствената држава и народ ги потпиша за себеукинување. Тоа е еден таков самоубиствен чин на македонскиот народ со многу долгорочни последици и јас не гледам како, многу тешко, но мора да се извлечиме од тоа наметнато откажување од самите себе, изјави Виолета Ачковска, универзитетскиот професор.

На свечена академија во Свети Николе, по повод егзодусот на Македонците од Егејскиот дел, се говореше и за значењето на АБЕЦЕДАРОТ, учебник испечатен и објавен пред 100 години, наменет за учениците Македонци, кој никогаш не бил ставен во употреба.