Абас е подготвен за обновување на преговорите, доколку Израел го стопира градењето еврејски населби

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека е подготвен за обновување на мировните преговори со Израел, ако тој ја стопира изградбата на еврејски населби.
- Палестинските раководители се подготвени да ги обноват преговорите уште веднаш, доколку израелската Влада се согласи да ја прекине изградабата, рече Абас во соопштение, објавени по говорот на Џон Кери за израелско-палестинскиот конфликт.
Американскиот државен секретар во своето обраќање нагласи дека доселеничката политика на Израел претставува закана за одлуката за формирање две држави, единствениот начин со кој може да се донесе мир.
Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат ја прочита изјавата во која Абас уште еднаш ги потврдува своите заложби за праведен мир како стратешка опција.
Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати критика до говорот и го означи како антиизраелски и пристрасен.
Франускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро го поздрави и го означи како храбар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
