-->
-->
АБА останува со Евролигата
-->
АБА, кошаркарската лига, на Собранието кое во неделата се одржа во Загреб и даде поддршка на Евролигата, кога се во прашање европските натпреварувања.
Последните месеци трае отворениот судир помеѓу Евролигата и ФИБА која е во фаза на оснивање своја Лига на шампиони. Бројни национални сојузи се поделени по ова прашање, а АБА лигата реши да застане зад Евролигата.
Евролигата на регионалната АБА лига и гарантира, за следната сезона, едно место во Лигата на шампионите, во наредните три сезони и три места во Еврокупот.
Во неделата, Собранието на АБА лигата ги овласти директорот Крешимир Новосели спортскиот директор Жарко Чабаркапа да ги продолжат преговорите за потпишување на тригодишниот договор.
Според Собранието на АБА лигата регионалното натпреварување е единствениот пат за напредок, промоција и развој на кошарката на просторите на поранешна Југославија и дека поради тоа има апсолутен приоритет.
Инаку, Собранието на АБА лигата соопшти дека националните сојузи целосно ја поддржале Јадранската лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите