-->
-->
АБА: МЗТ со повредени играчи, Цедевита без отпуштените?!
-->
МЗТ на Цедевита, во третото коло од Еврокупот, ќе и се спротивстави без тројца носители на играта (Клоф, Дреновац, Симоновски), но во ништо подобра положба пред гостувањето во Скопје не е ниту тимот од Загреб. Пред доаѓањето во Скопје, Цедевита реши да се раздели од тројца кошаркари.
Цедевита, во новата сезона, влезе како еден од главните фаворити за пласман на завршниот турнир во АБА лигата, а амбициите во Еврокупот беа што подобар пласман, но по нешто повеќе од еден месец хрватскиот шампион е далеку од остварување на зацртаното.
Цедевита има три порази во шестте одиграни натпревари во АБА лигата и два порази во исто толку одиграни натпревари во Еврокупот.
Поради лошите резултати раководството на клубот, непосредно пред гостувањето во Скопје против МЗТ, реши да се раздели со тројца играчи. Играчите кои пристигнаа како големи засилувања, а не ги оправдаа очекувањата, први добија отказ, станува збор за Скоти Хопсон, Дејвид Стоктон (син на легендарниот Џон Стоктон) и Дује Дукан (син на поранешниот играч на Југопластика и скаут на Чикаго Булс за Европа, Ивица Дукан).
„Мораме да менуваме нешто. Не се само тие тројца виновни, туку е виновен целиот тим на чело со мене“, рекол тренерот Вељко Мришиќ.
Инаку, клубот на Стоктон и Дукан им дозволил да тренираат со вториот тим додека не пронајдат нови ангажмани.
„Со ова ја отвораме можноста да донесеме нови играчи кои нема негативно да не изненадат како овие тројца. Признаваме дека лошо селектиравме, ја признаваме грешката, мораме нешто конкретно да направиме“, рекол за Вечерњи лист претседателот на клубот Младен Вебер.
Дуелот помеѓу МЗТ и Цедевита, во рамките на третото коло во Еврокупот, вечерва ќе започне во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија