Македонија
12. February 2021 - 16:46

ААА и ВМРО-ДПМНЕ пред договор за коалиција, СДСМ вели дека е рано за преговори

Мицкоски Села и Гаши се се поблиску до заеднички настап на локалните избори. Велат се уште е рано да се прават планови за предизборни коалиции, но ниту едните ниту другите не кријат дека најкраткиот пат до власта го гледаат во меѓусебна соработка.

Премиерот Заев вели дека во моментов на Бихаќка фокусот е ставен на организацијата на внатрепартиските избори. Комбинациите за настапот на локалните избори СДСМ ќе почне да ги прави пред почетокот на летото кога партијата веројатно ќе одржи Конгрес.

Иако до локалните избори има повеќе од 8 месеци, политичкиот трансфер рок е отворен веќе подолг период по најавите на опозицијата дека води разговори со неколку пратеници од владејачкото мнозинство и по се погласните барања за организација на предвремени избори.