АА: Казна за Зибери и Шаќири - комуницираа само на македонски, а изјаснети се како Албанци
„Во текот на вчерашниот ден целата јавност беше сведок на скандал на двајца функционери на ДУИ кои иако и двајцата се изјаснети како Албанци, комуницираа само на македонски јазик, не почитувајќи ја барем двојазичностa“, реагираат од Алијансата за Албанците во писмено соопштение испратено денеска до медиумите.
„Таканаречениот Народен правобранител, Насер Зибери, во писмо испратено до Министерот за образование, Јетон Шаќири, уште еднаш се обиде да изврши притисок врз наставниците да го прекинат штрајкот. Иако и двајцата функционери се изјаснети за Албанци, писмото е испратено само на македонски јазик. Ова писмо, како такво и само на еден јазик, со гордост го објави Министерот Шаќири.
Не сакаме да се мешаме во личните убедувања и избори на двајцата функционери на ДУИ. Тие можат да продолжат да комуницираат приватно само на македонски јазик. Но, ги потсетуваме дека на сила е закон кој ги обврзува да ги користат двата јазика во овие институции, а тоа е албанскиот јазик, особено кога писмото се однесува на наставници, од кои голем дел се Албанци. Го повикуваме и Инспекторатот за спроведување на законот за јазиците итно да ја изврши својата должност и да превземе мерки против двајцата функционери на ДУИ“, се наведува во реакцијата на АА испратена до медиумите.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија