94% од новорегистрираните автомобили во Норвешка се електрични
Во Норвешка е зголемена продажбата на електрични модели на автомобили, додека во Европа продажбата опаѓа во корист на хибридните модели.
Норвешкиот совет за информации за патниот сообраќај (OFV) денеска соопшти дека 94,3 отсто од новорегистрираните автомобили се електрични: моделите на „Тесла“ се на прво место, а потоа следат „Хјундаи“ и „Нисан“.
Претходниот рекорд Норвежаните го поставија во јануари кога продажбата на електрични автомобили надмина 92 отсто.
Норвешка е исклучок во Европа каде што продажбата на електрични автомобили опаѓа поради нивната висока цена и некомплетната инфраструктура што им е потребна.
Скандинавската земја има за цел да продава само автомобили со „нулта емисија“, односно електрични, од 2025 година, десет години пред ЕУ.
Електричните автомобили учествуваа со 12,1 отсто од продажбата на нови автомобили во Европската унија (ЕУ) во јули, далеку зад бензинците (33,4 отсто), „хибридите“ (32 отсто) и дизелите (12,6 отсто), соопшти Здружението на производители (ACEA).
Ново на Сител
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел
-
Две лица намерно прегазиле и истепале жена во Тетово
-
19-годишник од Охрид приведен за кражба на мопед
-
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната
-
Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана