9 лица исчезнаа во поплавите во Франција
Најмалку девет лица исчезнаа во поплавите денес откако на подрачјето околу Ница во Франција за само 12 часа падна просечната годишна количина на дожд.
Властите соопштија дека во текот на ноќта поплавите ги оштетиле куќите, мостовите и патиштата во планинскиот регион на Приморските Алпи крај границата со Италија.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, изрази сочувство со семејствата на исчезнатите. Според него, повеќе од 100 домови биле уништени или сериозно оштетени.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Твитер изрази благодарност до спасувачите.
„Ќе го поминеме ова заедно“, напиша Макрон.
Француската метеоролошка служба Метео Франс објави дека во некои области наврнале 500 милиметри дожд, што е скоро на нивото на годишниот просек.
Во регионот е на сила предупредување за опасност, а училиштата се затворени. Локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.
Ново на Сител
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање