Македонија
4. November 2016 - 16:23

78-годишен светиниколчанец се самоубил со три куршуми!?

Убиство или самоубиство во светиниколското село Богословец. Вчера попладне 68 годишна жена во полициската станица во Свети Николе, телефонски пријавила дека во семејната куќа го пронашла мртов нејзиниот сопруг со прострелна рана во главата. Кога истражителите излегле на лице место, сопругата и нејзината мајка им раскажале дека околу 15 и 30 дошло до расправија помеѓу сопружниците, по што 78 годишниот Ф.К. во алкохолизирана состојба ја влечел за коса, а сопругата го удрила со дрво по глава. Според нив, тој им се заканувал дека ќе ги убие, а тие побегнале во помошниот објект и по кратко време слушнале истрел од огнено оружје.

Заради расчистување на настанот, од слобода се лишени сопругата и нејзината 89 годишна мајка- изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

Причина за ваквата постапка на Јавниот обвинител е тоа што покрај мртвото тело биле пронајдени три испукани чаури, а сега осомничените трвделе дека слушнале само еден истрел. Телото е дадено на обдукција, а оружјето ќе го анализира крим техника.