Македонија
2. April 2024 - 19:20

76-годишна жена избодена од нејзината ќерка во Македонски Брод

Вчера во 19.40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод, соопшти МВР.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.