Loading Video...
Спорт плус
27. September 2018 - 15:49

6.милиони евра директна помош за спортот преку системот на „Ваучери во спортот“

Почнувајќи од 1 јануари следата 2019 година, преку системот за „Ваучери“ од буџетот, државата директно ќе помогне со 6.милиони евра, од средствата кои компаниите треба да ги платат по основ на данокот кон државата, истите ќе може да ги пренасочат во поддршка на спортот. 

Финансиската инеција од нови шест милиони евра кои ќе вчезат директно во федерациите, клубовите, а преку нив до самите спортисти ќе бидат стимул за  омасовување во спортот, подигнување на спортските навики, а пред се подобрување на условите за постигнување врвни резултати, истакна Премиерот Заев на денешната отворена дебата со претставници на федерациите, клубовите,спортисти, но и стопанственици. 

- Ова се нови шест милиони евра, покрај постоечката финансиска поддршка што Агенцијата за млади и спорт ја дава за македонскиот спорт. Со овој ваучер систем дел од данокот на добивка го ставаме на располагање на спортските субјекти, федерации, клубови со што значително ќе се подигне нивото на квалитетот и развојот на спортските клубови, рече премиерот Зоран Заев 

Тоа значи дека секој правен субјект одсега па натаму, ќе добие можност до максимум 50 проценти од пресметаниот данок на добивка да го инвестира во спортот, и тоа не како што беше досега само во еден клуб или федерација, туку износот може да го подели на повеќе субјекти

- Секој клуб, федерација или спортист ќе има во рака ваучер што значи платен данок за компанијата, односно сите субјекти имаат еднаква шанса за примање финансиски средства без фаворизирање. Овој систем ќе овозможи секој спортски субјект да стане атрактивен и посакуван партнер за успешните стопански субјекти, кои покрај сопствената промоција и општествено одговорна работа ќе добијат конкретна финансиска мотивација за вложување во спортот, додаде Заев.

Заев потенцира дека процедурите се поедноставени, без комплицирани административни постапки и без дополнително оданочување и проблем за компаниите кои ќе помагаат, со што на сите стопанските субјекти, дел од својата обврска за данок на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист, рече македонскиот премиер.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски истакна дека со оваа мерка директно ќе биде помогнато и здравството имајќи во предвид дека секој потрошен динар во спортот, повеќекратно се враќа во здравството, односно преку спортот се превенира здравјето на луѓето. 

- Станува збор за нови дополнителни шест милиони евра за спортисти, спортски клубови и федерации кои дополнително ќе им помогнат за секојдневните тековни активности, но и за сите големи натпреварувања кои треба да придонесат до омасовување на спортот и постигнување врвни резултати, рече Каевски.

Според најавените критериуми, најголемо внимание ќе се обрне на бројот на македонски спортисти кој еден тим-клуб, ги има во своите редови, како и бројот на членови во младите категории.  Така што повеќе млади спортисти и повеќе македонски, а не странски спортисти во нивните редови, ќе им носат можност на клубовите поголем финансиски бенифит. 

Како што најави Премиерот Заев, идејата е во иднина овие буџетски средства да растат и до 30-тина милиони евра.