60 годишен тетовец починал чекајки лекар, ДСЗИ ќе прави надзор во понеделник
Семејство од Тетово обвинува дека 60 годишен нивен близок член вчера починал во ходник на Клиничката болница, чекајќи да дојде лекар. За локалните медиуми член на семејството објаснува дека роднината го донеле во болницата околу 19 часот и речиси цел час чекале да излезе некој од медицинскиот персонал за да го згрижи пациентот кој паднал во кома и починал.
За случајот од министерството за здравство за во понеделникот најавија вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ. Во Клиничката болница Тетово веќе се преземат мерки за што побрзо расчистување на овој случај. Комисија од КБ Тетово ги утврдува фактите за третманот на 60-годишникот.
Според првични информации, пациентот по пристигнување пред одделот за брза помош веднаш бил упатен до интернистичкиот блок. Докторот кој го примил го придружувал до прв кат, каде што му е направено ЕКГ, увидено е дека пациентот имал срцев застој. По обидите за реанимација е констатирана смрт, информираат од здарвство.
Ново на Сител
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба