24-годишен битолчанец четири месеци силувал 18-годишна девојка, ја уценувал со нејзини интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.
Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед.
Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
