-->
-->
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-->
На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари