Македонија
15. August 2015 - 19:42

16 годишната Викторија е симбол на борбеноста

16 - годишната Викторија Пенова од Валандово боледува од многу ретката и неизлечива болест ФОП која и ги претвора мускулите во коски. Болеста и била дијагностицирана на две и пол годишна возраст, а за инвалидската количка е прикована од пред неколку години. И покрај се, борбеноста ја одржува  Викторија во живот, а спомените и искуствата од животот со една од најретките болести во светот, таа ги опиша во книгата насловена Победничка.

Полошо од фактот што за болеста ФОП медицината сеуште не пронашла лек, е непријатното чувство што ме обзема при секоја прошетка, вели Викторија. Надминување на општествените стереотипи што ги маргинализираат тешко болните е нејзина најголема желба.

Се претпоставува дека во светот од ФОП боледуваат околу 700 луѓе. Ретко кои имаат можност да добијат поддршка од својот идол, како што доби Викторија на промоцијата на нејзината книга од Даниел Кајмаковски. Автобиографијата Победничка ќе биде промовирани низ повеќе градови на Македонија.