Македонија
23. December 2022 - 16:41

16 годишната вереница го убила 17 годишното момче чие тело беше пронајдено во реката Пена

Малолетничка драма со трагичен крај. Вербална расправија доведе до убиство на 16 годишно момче, чие тело беше пронајдено вчера во водите на реката Пена во Тетово.

Извршител е неговата една година постара вереница, која се товари дека со умисла го лишила од живот, а фатални биле ударите со остар и тврд предмет по главата.

“Приведени се две лица, од кои девојката го призна делото...другото е пуштено дома...”

Деталите и мотивот за убиството кое го потресе Тетово ги истражува Обвинителството. Засега соопштуваат дека 17-годишната девојка од тетовско Рогле му нанела тешки телесни повреди на нејзиниот вереник, по што го турнала во студената река.

Починатото момче потекнувало од Ново Село, Желино и било пријавено за исчезнато околу 15 часа.

“Потрагата по телото завршила овдека, во водите на реката Пена, на патот кон местото наречено Бањиче во Тетово, недалеку од паркираниот автомобил на малолетникот”

Случајот е документиран, а на девојката и е определена мерка притвор од 30 дена, која ја извршува во Казнено-поправната установа во Скопје.