Македонија
14. March 2019 - 16:30

15 парламентарци од држави членки на НАТО ги испрашуваат македонските парламентарци

Како се справувате со корупцијата, што правите за да го зголемите економскиот развој, давате ли гаранции за мирни, фер и  демократски претседателски избори? 15 парламентарци од 8 држави членки на НАТО и членови на парламентарнто собрание на НАТО ги испрашуваа македонските пратеници за актулените политички и економски состојби во државата.

Од опозицијата пак, се пожалија дека оваа власт премногу често практикува скратена постапка за клучни реформски закони. Исто така сметаат дека под името борба со корупцијата се прави селективна правда.

Власта и опозцијата сепак, ветија дека заеднички ќе работат на рефомормите. Иако претставниците на собранието на НАТО не зборуваат од името на НАТО штабот нивното мислење е клучно за националните парламенти побрзо да го ратификуваат протоколот за нашето членство во Алијансата.

Делегацијата утре ќе има средби и со политичките лидери и Владата.