140 санкционирани возачи на територијата на градот Скопје, 46 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра