Македонија
24. April 2021 - 21:33

14 годишно момче загина во сообраќајна несреќа во Илинден

14 годишно момче (А.Р.) од скопската населба Миладиновци загина во сообраќајна несреќа која се случила денес во населба Марино, Општина Илинден.

Според неофицијални информации сообраќајката се случила пред „Пицерија НС“ околу 13 часот.

Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.