Loading Video...
Кошарка
5. December 2019 - 16:36

13-та победа во низа на Милвоки

Тимот на Милвоки  ја продолжи серијата на победи која сега изнесува 13 натпревари во низа. 
 
Предводени од Јанис Антетокумпо и неговиот учинок од 35 поени и 9 скокови „Бакси“  на гостувањето кај Детроит триумфираа со 127-103 со што стигнаа до својата вкупно 19-та победа сезонава во 22 одиграни натпревари. 
 
Идентичен „скор“ имаат и Лејкерси кои исто така на гости славеа триоумф и тоа над Јута со 121-96, меч во кој Ентони Дејвис постигна 26, а Леброн Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл со 20 поени и 12 асистенции. 
 
Победничката низа сега на четири меча во серија ја продолжи и Далас кој со 121-114 ја победи Минесота.