Македонија
30. November 2018 - 12:29

12 километри рибарски мрежи извадени од дното на Охридското eзеро

12 километри рибарски мрежи извадени од дното на Охридското езеро .Со помош на сонори,нуркачи ,рибари и експерти од Хидробиолошкиот завод пронајдени се 230 потопени мрежи кои со децении гнијат на езерото и преставуваат сериозен еколошки проблем.Се претпоставува дека на македонско албанската страна има стотици киометри рибарски алат.

Потонатите мрежи ги има на повеќе локации и дополнително ја влошува состојбата на рибниот фонд во езерото која е повеќе од алармантна.

Од страна на министерството за земјодели, шумарство и водостопанство во годишните програми се издвојуваат средства за ваква намена а дадени се и препораки од страна на рибарите да се пријавуваат загубените рибарски мрежи. Инаку за целосно одстранување на мрежите според надлежните потребна е прекуганична соработа.