Македонија
18. July 2021 - 11:08

116 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

Синоќа (17/18.07.2021) во периодот од 21 од 02 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 116 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.