11 матуранти и 22 професори во гимназија во Македонски Брод | ФОТО
Во гимназијата „Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод учебната 2022/23 ќе ја завршат 11 матуранти.
Матурското табло на гимназијата од Македонски Брод на кое има повеќе наставници од ученици, а кое се сподели на социјалната мрежа Твитер, покажува дека во гимназијата има само 11 матуранти годинава за разлика од 22 професори кои предваат во училиштето.
Во училиштето има две паралелки од четвртина година, едната по гимназиско образование во која ќе матурираат осум ученици, а втората е по угостителство и туризам. Во оваа паралелка класниот ќе им подели дипломи на само три ученици.
Надзорот на инспекторите од образование покажал дека во училиштето сите активности се одвиваат според наставни планови и програми, а условите се безбедни и соодветни за изведување настава.
Не се знае која е причината што учениците од овој град не се заинтересирани за запишување во гимназијата, туку одат во другите средни училишта во Битола и во Кичево.
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот