11-годишно неподвижно дете напуштено од родителите
Потресната приказна од Охрид за 11-годишно дете со церебрална парализа кое е напуштено од своите родители и преживува само, без терапија и храна, ги разбуди институциите дури откако беше јавно објавена.
Единаесет годишникот во сериозна здравствена состојба бил напуштен од родителите и препуштен на лице кое не е во можност да му пружи соодветна грижа и нега, па со денови не примал лекови и пиел само по една чаша млеко во денот.
И покрај јавувањата во Центарот за социјални работи во Охрид, институциите не преземале ништо. Барале потпис од родителите кои го напуштиле болното дете за да можат да го згрижат. Дека ќе го спасат и сместат детето во мал групен дом соопштија денеска дури откако со пријава за случајот се јави охридската полиција. Полицијата најави дека за напуштањето на детето ќе следува пријава за неговата мајка.
На 21.07.2020 година, во СВР Охрид добиено е телефонско известување дека 39-годишната С.В. од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен. против с.в. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти свр охрид.
По најавата за кривична одговорност за мајката на напуштеното дете, реагираше и Министерството за труд и социјална политика.
Стручните служби и меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
