Македонија
13. April 2021 - 9:49

109 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (12.04) на територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки.

- Изречени се 30 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.