Македонија
17. August 2020 - 16:57

103 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-13, Куманово-26, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-3, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-15, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Демир Хисар-7, Берово-1, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-19, Битола-2, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-11, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-3, Виница-10, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Ресен-2.

Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840,  бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5418, активни 953

• Куманово 1289, активни 298

• Дебар 226, активни 67

• Штип 1048, активни 260

• Прилеп 365, активни 40

• Тетово 1141, активни 151

• Струга 521, активни 167

• Велес 243, активни 27

• Битола 184, активни 74

• Охрид 309, активни 66

• Кавадарци 158, активни 103

• Гостивар 660, активни 289

• Гевгелија 31, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 6 на Богданци)

• Струмица 52, активни 23

• Крива Паланка 30, активни 5

• Радовиш 38, активни 10

• Крушево 16, активни 1

• Кочани 128, активни 29

• Пробиштип 69, активни 17

• Демир Хисар 60, активни 37

• Македонски Брод 65, активни 45

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 15, активни 6

• Валандово 7, активни 1

• Виница 51, активни 36

• Делчево 10, активни 5 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 1

• Свети Николе 261, активни 61

• Кичево 240, активни 126

• Ресен 146, активни 7

• Неготино 36, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 912 теста се преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-33, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Систина со PCR метода -135, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-11, ГАК-7, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 134

• Аеродром - 123

• Бутел - 66

• Гази Баба - 124

• Центар – 87

• Карпош – 98

• Сарај – 33

• Кисела Вода – 70

• Ѓорче Петров – 65

• Студеничани – 30

• Шуто Оризари – 58

• Арачиново – 17

• Илинден – 12

• Петровец – 7

• Чучер Сандево – 10

• Сопиште – 10

• Зелениково - 4

• Странец – 3

• Нераспределен - 2