Спорт плус
20. February 2018 - 16:45

ЗОИ: Комплетирани двојките за 1/4-финалето на машкиот хокеарски турнир

 

 
На машкиот хокеарски турнир, се одиграа плејоф натпреварите место во четвртфиналето.
 
 Норвешка со 2-1 ја победи Словенија, селекцијата на САД беше убедлива против Словачка со 5-1,  како и Финска која со 5-2 го совлада домаќинот Кореја. 
 
Најнеизвесниот меч го одиграа  Германија и Швајцарија, а заврши со победа на Германците со 2-1 по продолжението, со што тие ќе бидат противник на Шведска во борбата за полуфиналето. 
 
Преостанатите двојки во четвртфиналната рунда се, Канада – Финска, Чешка – САД и Русија – Норвешка.