Значајни инвестиции во инфраструктурни проекти во Општина Илинден
После 49 години Миладиновци доби нова амбуланта. Во новиот објект кој се простира на површина од 300 метри квадратни има опфаќа две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенциии, лабораторија, аптека.
Тука работат двајца матични лекари стоматолози и патронажна сестра, а здравствени услуги ќе добиваат околу 4500 жители од 6 населени места во општина Илинден. Вкупната инвестиција за реализација на проектот изнесува 15 милиони денари.
-Министерот за здравство Никола Тодоров во разговор со Никола Груевски информира дека амбулантата е заедничка инвестиција на општина Илинден, Министерството за здравство и Здравствен дом-Скопје и оти инвестицијата е вредна 15 милиони денари. Камен темелникот, посочи Тодоров, го поставивме на 16 јули и за половина година го изградивме новиот објект.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за време на посетата присуствуваше и на пуштање во употреба на фекална канализација со пречистителна станица со капацитет за приклучување на 330 домаќинства односно за 1.250 жители. Вредноста на овој проект е 30 милиони денари.
-Во разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски градоначалникот Жика Стојановски информира дека на овој начин за неколку години целосно ќе биде решен проблемот со прифаќање третман на отпадни води, како и фекалната канализација.Инаку тој појасни дека во фаза на градба е и системот за канализација и третман на отпадни води за населеното место Марино којшто треба да биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, а со тоа ќе бидат надминати проблемите за половината жители на општината.
Жителите на Ајваовци општина Илинден добија пешачко- излетничка патека со повеќенаменско спортско игралиште.
Проектот за патеката заедно со повеќенаменското спортско игралиште изнесува седум милиони денари.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар