Златни денови - Кратово 2017 со одлична програма
Од 2014 година градот на кулите и мостови е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура. Веќе четврта година по ред Кратово успева да се воспостави како еден од најпознатите градови каде што постои совршена синергија на забава, култура и историја.
Како и претходните години, така и оваа, градот овозможува содржини за сите генерации и вкусови. Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да е исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.
Во петок, 30.06.2017, ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, за веднаш по нив збавата продолжи со најголемите балкански кафански песни за душа. Во овој дел од програмата духот на меаните ќе го пренесат групата Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска и балканскиот боем Драган Којиќ Кеба. После кафанската атмосфера шаренилото на вечерта ќе го збогати нашата овогодишна преставничка на Евросонгот, Јана Бурческа, а за крај на првата вечер на сцената ќе експлодира идолот на младата генерација Слаткар со хит проектот Слаткаристика.
Во сабота, 01.07.2017, звуците на кулите и мостовите ќе ги красат Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт, а ѕвезда на вечерта и на фестивалот ќе биде нашата најголема музичка ‘‘ДОНА‘‘, балканската ѕвезда, Калиопи. За вистинска саботна треска ќе се погрижат новосаѓаните ,Tribute to Бјело Дугме кои заедно со Кратово ќе ги пеат најголемите хитови на легендарните ‘‘копчиња‘‘. После настаните на главната сцена забавата ќе продолжи во базен дискотеката во Кратово каде познати ди-џеи ќе се погрижат за еуфорично продолжување на фестивалските ноќи.
Во недела, 02.07.2017, традиционално на платото пред Музејот во Кратово, предвидена е 3Д Журка, односно Дневна Детска Дискотека, во која најмалите ќе уживаат и ќе се забавуваат со добра музика, многу игри, награди и многу маскирани гости. Шаренолокоста на програмата е да понуди нешто за секој посетител. Како и претходно, Златни денови - Кратово, го задржува концептот на една балканска ѕвезда за секоја година, а овој пат организаторот е горд дека oваа година ќе имаме музичари кои имаат значително место на балканска музичка карта, а со посебна задоволство сме горди на концертниот настап кој оваа година ќе го има нашата и балканска музичка ѕвезда, Калиопи, која ќе настапи со својот бенд. Се очекуваат посетители од цела Македонија да ги исполнат улиците на градот уживајќи во одличната музика. Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.
Пред посетата на Кратово се препорачува посетителите навремено да обезбедат сместување бидејќи сместувачките капацитети се ограничени, а се очекува интересот да е значително поголем од минатата година.

Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
