Зимбабве: Илјадници лица протестираат против Мугабе
Илјадници лица денеска, на улиците на Хараре протестираат против претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе.
Демонстрантите веат национални знамиња и носат транспаренти со кои го повикуваат Мугабе да поднесе оставка.
Учесниците на протестот пеат и танцуваат, нестрпливо очекувајќи го повлекувањето на Мугабе.
Мугабе синоќа побара време од „уште неколку дена, уште неколку месеци“ за негова оставка, во преговорите што ги води со армијата, изјави првиот човек на влијателниот сојуз на ветерани Крис Муцавангва.
Муцавангва, кој е соработник на неодамна сменетиот потпретседател Емерсон Мнангагва, кој се очекува да ја предводи новата влада, рече дека во некој момент „меѓу сега и утре“ ќе го предупреди Мугабе дека играта е завршена.
- Ќе мора денеска да ја донесе одлуката за заминување. Ако не си отиде, тоа ќе го решиме утре, наведе тој.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?
-
Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“