Ракомет
22. May 2017 - 8:42

ЖРК Вардар против Вардар СЦЈС во финалето на женскиот плеј оф

Двата женски ракометни колективи на Вардар попладнево од 15 часот во СЦ Јане Сандански ќе го одиграат финалето од завршниот турнир за шампионската титула. Двете екипи во вчерашните полуфинални натпревари остварија победи.

ЖРК Вардар по финалето во Лигата на шампионите и дуелите од Купот на Македонија ќе го одигра последниот натпревар сезонава и тоа ќе биде можност да се освои петата шампионска титула.

Шампионот Вардар во полуфиналето одиграно вчера го совлада Куманово со 54:19, додека Вардар СЦЈС беше поуспешен од Металург со 30:28.