Живеел осамен, во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот -Денеска се празнува овој светец
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 февруари.
Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот.
Уште од раните векови во Црквата се утврдиле два облика на монашки живот: првиот е општожителството, или заедничкото манастирско живеење, а вториот е пустиножителството, или осамувањето и живеењето во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот. Еден од големите пустиножители бил свети Исидор, кого Црквата го слави денес. Живеел во петтиот век. Роден е во Египет во семејство на богати родители и стекнал добро образование. Но, уште млад го оставил светот, стапил во еден манастир, а подоцна се повлекол на пусто место близу градот Пелусија, Долен Египет. Набргу се расчул гласот за неговите подвизи и околу него се собрале други монаси. Живеел во постојано молитвено тихување се до смртта во 435 година.
Ново на Сител
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм