Жителите на едно шпанско село станаа милионери
Сите 80 жители на шпанското село Серзалес дел Кондадо неодамна станаа милионери и тоа благодарение само на еден човек и неговиот тестамент.
Имено, милијардер и филантроп Антонино Фернандез почина во август на стогодишна возраст, а во неговиот ексцентричен тестамент напиша дека им остава 200 милиони евра за жителите на селото во кое пораснал.
Така на секој жител на Серзалес дел Кондадо му припадаа по нешто над 2,3 милиони евра, а селото ќе добие и нов Центар на културата, пишува лондонски „Дејли Мејл“.
Фернандез е роден во 1917 година, а веќе на 14 години морал да го напушти училиштето. Тој бил едно од 13-те деца во семејството и неговите родители неможеле да си дозволат да се школуваат. На 32-годишна возраст тој емигрирал во Мексиком каде се вработил во фабриката на неговиот вујко за произведство на пивото „Корона“.
До 1971 година напредувал до позицијата директор на компанијата и успеал „Корона“ да ја направи најопуларно мексиканско пиво и голем извозен феномен. Пивото го извезувал и во неговата родна Шпанија, под името „Коронита“. „Корона“ е второ најчесто увозено пиво во САД со годишна продажба од 700 милиони долари.
Фернандез никогаш не ја заборави својата родна земја, а поранешниот шпански крајл Хуан Карлос за неговата хуманитарна работа го одликуваше се орден.
Но, дури по неговата смрт жителите на селото во кое пораснал дознаа колку тој нависитна го сакал родното место, кога беа информирани за создржината на тестаментот на Фернандез.
Ново на Сител
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“