Македонија
12. јуни 2017 - 16:44

Жителите на Богданци на референдум се изјаснија против изградбата на рудници

Граѓаните на општина Богданци кои излегоа на вчерашниот референдум се изјанија против изградбата на рудникот Казандол, но и против отварање на други рудници на територијата на нивната општина во иднина. Од вкупно запишаните 6918 граѓани кои имаат право на глас  на гласачките места излегле 4231 граѓани, односно 61, 16%. Скоро 100% се изјасните против двете прашања кои им беа поставени.
 
-Во однос на првото прашање ,, Дали сте за или против продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс Казандол,,  гласаа против 4120, а за 71. За второто прашање ,, Дали сте за или против отварање на рудници и рударски комплекси за металични и минерални суровини на територијата на општина Богданци вкупно гласаа против 4126 и за 66 гласачи. Гласањето се одвиваше во најдобар ред, немаше никакви проблеми, рече Венера Зелева – претседател на ОИК Богданци
 
Од општина Богданци информираа дека по добивањето  резултатите од  референдумот ќе треба да бидат потврдени со одлука на општинскиот совет, а потоа истите доставени до владата и министерството за економија, односно до сите учесници во постапката за добивање концесија.