Свет
5. September 2016 - 16:17

Земан: Чешки војници ќе ја чуваат бугарското-турската граница од мигранти

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека неговата земја и целата Европска Унија треба да и помогнат на Бугарија во чување на нејзината граница со Турција за запирање на мигрантите, пренесоа американските медиуми.

Бугарија е членка на ЕУ, но не и на Шенгенската зона. Некои бегалци патуваат преку нејзина територија на пат кон богатите западни европски земји.

Приливот на бегалци во Грција и во Бугарија значително беше намален по неодамнешната спогодба меѓу Турција и ЕУ.

По денешната средба со својот бугарски колега Росен Плевнелиев Земан изјави дека веќе се договараат деталите за испраќање на Чесите во Бугарија.

Чешка денеска испрати 50 полицајци во Унгарија, кои ќе помагаат во чувањето на границата со Србија, а пред тоа размести десетици полицајци во Грција, Словенија и Македонија.