Здружението на резервни воени обврзници одбележа 15 годишнина
Со засадување 15 дрвја и со почит за загинатите бранители во конфликтот 2001-2002 година, Здружението на воени резервни обврзници (ЗВРО) учесници во конфликтот, денеска одбележа 15 години постоење.
По тој повод членовите на Здружението и градоначалникот Илија Јованоски го посетија Меморијалниот центар во селото Лениште. Со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во конфликтот и на починатите бранители по конфликтот. Пред спомен плочата положија цвеќиња и засадија 15 зимзелени дрвја во чест на 15 годишното постоење на здружението.
Според Рубин Секулоски, претседател на Здружението на воени резервни обврзници, одбележувањето на годишнината на Здружението воедно е и почит за македонските бранители.
- Поводот за денешната средба е 15 годишнината од формирањето на Здружението на воени резервни обврзници, учесници во конфликтот 2001-2002. Симболиката на 15 -те зимзелени дрвја што ги засадуваме денеска се - 15 години од формирањето на здружението, прво по воениот конфликт. А, овој Меморијален центар во селото Лениште претставува место близу до црквата „Света Петка“ на кое имаме засадено 5.000 дрвја, што ги претставува 5-те илјади бранители од Прилеп, коишто се одзваа на поканата да го бранат суверенитетот и интегритетот на Република Македонија“, рече Секулоски.
За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски почитта и споменот на жртвите во воениот конфликт остануваат засекогаш.
- Ги поздравувам бранителите од нашиот град и им ја честитам годишнината. Сакам да им честитам 12-годишното постоење на Меморијалниот центар направен од нив, да не се заборави 2001 година и 16-те години од конфликтот. Да се сеќаваат на нивните семејства, на граѓаните и на сè што се случило тогаш. Иако имало притисоци, се јавувале нови здруженија кои им биле пречка во нивното дејствување, тие секогаш позитивно влијаеле врз настаните во државата, рече Јованоски.
Тој ги посети бранителите од ЗВРО и во нивните простории во центарот на Прилеп, каде се разговараше за проблемите со кои се соочуваат, давајќи им поддршка во нивните активности и планови.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево